Американците најавуваат: Јокиќ по 12 години го напушта Денвер!?
Двајца угледни НБА инсајдери тврдат дека интересот на Мајами е поголем, а никој не негира дека постои. Мајами секако сака да доведе големи имиња, но не по цена на загрозување на долгорочните планови. Раководството на клубот не сака да брза да го доведе Морант по намалена цена во средината на турбулентна сезона. Нивните погледи се насочени подалеку напред и имаат неколку големи ѕвезди на радарот, поради што во моментов избегнуваат да склучуваат скапи, долгорочни договори.
Добро познатите НБА новинари од ESPN, Тим Бонтемпс и Брајан Виндхорст ја потврдија оваа теза.
„Мајами Хит имаат големи амбиции. Менаџментот е фокусиран на избегнување на преземање долгови, односно кошаркари со многу пари за меѓусезоната 2027/28. Тоа е сезона кога, како што стојат работите, Адетокумпо, Никола Јокиќ и Донован Мичел, меѓу другите, би можеле да бидат слободни агенти. Петгодишниот договор на Морант од 197 милиони долари истекува веднаш по сезоната 2027-28, што директно би ја компромитирало финансиската флексибилност на Мајами за тоа клучно лето“, тврдат тие.
Стратегијата на Мајами потсетува на онаа на Голден Стејт Вориорс, ко исто така се мачеше со евентуална размена на Џонатан Куминга токму затоа што не сакаше да преземе договори што би го оптовариле буџетот во следните неколку години.
Споменувањето на Никола Јокиќ во овој контекст може да изгледа како пуста желба за кој било тим, но неговото име е премногу интригантно за да се игнорира. Иако Хит веројатно ќе продолжат да ја следат ситуацијата на Морант, се чини дека се далеку од тоа да направат конкретен потег за ѕвездата на Мемфис, а целото внимание ќе го насочат кон Јокиќ.
Јокиќ беше драфтуван од Нагетс во 2014 година како 41. пик. Во дресот на овој тим, тој ја освои шампионската титула во НБА и три пати беше прогласен за најкорисен играч во лигата. Оваа сезона, тој има просек од 29,6 поени, 12,7 скока и 10,2 асистенции, а моментално заздравува од повреда што значително ги намали неговите шанси за уште една награда за најкорисен играч.