„Кнезовите“ се во голема криза: Лориен го „попари“ Монако
Лориен беше поконкретен во нападот и погоди во 38. минута, но ВАР-технологијата ги спаси „кнезовите“ и го поништи голот поради офсајд.
Гостите до водство стигнаа преку Бамба Диенг во 68. минута, а набрзо Ансу Фати успеа да израмни на 1-1.
Монако се надеваше дека може и до пресврт, но вистински шок доживеа во период од 85. до 87. минута кога стрелаа Жан Виктор Макенго и Дерман Карим за конечни 3-1.
Фото: Facebook/FC Lorient