Кире Ристевски по 16 години се врати во Пелистер (ВИДЕО)

Македонскиот прволигаш Пелистер ангажира ново засилување пред пролетниот дел од сезоната, а тоа е искусниот фудбалер Кире Ристевски.

Искусниот дефанзивец пристигна во редовите на Пелистер од Македонија ЃП, каде што претходно играше на позајмица и настапи на четири меча оваа сезона.

Ристевски во кариерата играше и за Струга, Етникос, Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Работнички и други екипи.

Пелистер првиот дел од сезоната го заврши на деветтата позиција со 16 освоени бодови.