Пелистер се раздели со двајца американски кошаркари (ФОТО)
Пелистер ги прекина договорите со Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, кои имаа солидни настапи за екипата од Битола.
„Зелено-белото семејство им се заблагодарува на Си-Џеј и на Остин за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите. Воедно, им посакуваме многу среќа во нивните следни клупски ангажмани“, соопшти Пелистер.