Самарџиев ѝ се враќа на кошарката - ќе работи во екс-клубот на селекторот!
Екипатана Раховеци од Косово преку социјалните мрежи ја потврди соработката со македонскиот стратег кој од утре ќе започне со работа. За Самарџиев ова ќе биде второ искуство надвор од Македонија претхоно пред ангажманот во Работнички работеше во словачка во тимот на Комарно.
Инаку, Раховеци и во минатото имал соработка со македонски тренери и кошаркари, а во сезоната овој тим го предводеше и сегашниот селектор Марјан Илиеввски.
Сезонава екипата се наѓа на претпоследната позиција со пет победи на десет натпревари што е ист биланс како и последниот Велазними.