Дејан Илиев најде нов клуб, остана во Романија и ќе се бори за титула!

Maкедонскиот голман Дејан Илиев неодамна се раздели со Арад, но ќе остаане во романскиот фудбал.

Екипата на Рапид денеска потврди дека постигнала договор со Илиев кој ставил потпис на договор од една ипол година со опција за продолжување.

„Среќен сум што пистигнав во Рапид и подготвен сум да дадам се од себе за овој тим. Едвај чекам да ја почувствувам фантастичната атмосфера што ја создаваат навивачите на Рапид“, изјави 30-годишниот чувар на мрежата.

Инаку, Рапид во овој момент на второто место во Романија со само еден бод помалку од лидерот Универзитатеа Краковија.