Трагедија: Американски кошаркар убиен додека возел – добил куршум во главата!
Властите отворија истрага за убиството, а мотивот засега е непознат. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил откако Бел, во придружба на двајца пријатели, влегол во својот бел „Нисан Сентра“ по завршувањето на еден гимнастички настан. Во тој момент, од друго возило било отворено оган кон автомобилот на младиот кошаркар.
„Возилото на жртвата забави и повторно се вклучи во сообраќајот, по што се судри со црвен пикап, додека темниот седан од кој било пукано продолжи да се движи“, наведуваат од полицијата.
Бел се здобил со прострелна рана во пределот на главата и итно бил пренесен во Медицински центар на Универзитетот Вандербилт, но и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите. Неговите пријатели изјавиле дека во моментот на нападот гледале во своите телефони и дека биле затечени од звукот на истрелите. Полицијата интензивно трага по сторителот и повикува на соработка од јавноста.
Од трагично загинатиот кошаркар се прости и главниот тренер на тимот на Универзитетот Фиск, Џеремаја Крачер.
„Бел беше клучна фигура во нашиот тим, но ќе го паметиме пред сè по заразната насмевка, топлата личност и способноста да внесе позитивна енергија каде и да се појави. Чувствуваме огромна празнина и длабока болка. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство и со сите во Нешвил кои се инспирираа од него“, изјави тренерот Крачер.
Истрагата за случајот продолжува.