Пресврт на сезоната: Орландо од -20 до победа (ВИДЕО)

Екипата на Орландо Меџик го направи најголемиот камбек во НБА сезоната против Мемфис Гризлис во НБА натпреварот што синоќа се одигра во Берлин.

Тимот од Флорида го победи Мемфис со 118-111 откако заостануваше со дури 20 поени во втората четвртина (52-32). Штом Гризлис стигнаа до +20, почна серијата на Орландо со што беше најавен големиот пресврт. Меџик направи две серии по 13-0, една во втората, а една во третата четвртина и на тој начин стигна до победата.

Мемфис успеа да се врати од шокот, дури и да поведе во последната четвртина, но на крајот Орландо сепак ја однесе победата.

Паоло Банкеро беше играч на натпреварот со 26 поени и 13 скока, а имаше поддршка од Ентони Блек со 21 поен и седум асистенции и Франц Вагнер со 18 поени и девет скока. На другата страна, Џарен Џексон имаше 30 поени, Санти Алдама 18 и Седрик Кауард 17.

РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс - Шарлот 117-135
Голден Стејт - Њујорк 126-113
Портланд - Атланта 117-101
Далас - Јута 144-122
Сан Антонио - Милвоки 119-101
Хјустон - Оклахома 91-111
Мајами - Бостон 114-119
Детроит - Феникс 108-105
Орландо - Мемфис 118-111