Пелистер оди на „се или ништо“ - договори Американец кој на Ц. Звезда ѝ даде 27 поени!
Станува збор за Американец е добро познат на регионалната кошаркарска јавност по настапите во дресот на Морнар во АБА лига, каде минатата сезона имаше неколку запазени партии. Најдобриот настап го забележа против евролигашот Црвена Звезда, кога постигна 27 поени, со два скока, две асистенции и четири украдени топки.
Џенкинс во изминатиот период настапуваше во шампионатот на Либан, во редовите на Тадамон, каде бележеше просек од 10 поени, четири скока и 2,5 асистенции по натпревар, пред да го договори трансферот во Битола. Со неговото доаѓање, Џенкинс ќе го пополни местото на Си-Џеј Вилсон, со кого Пелистер ја прекина соработката по првиот дел од сезоната.
Битолчани првиот дел од сезоната ја заврши на делба на третата позиција заедно со Куманово и Кожув, со четири порази во 11 средби.