Навивач го провоцираше Ѓоковиќ со Федерер – реакцијата на Србинот е урнебесна (ВИДЕО)
Популарниот Ноле го совлада Френсис Тиафо (6-3, 6-4), покажувајќи дека физички и ментално е подготвен за предизвиците што го очекуваат во Мелбурн. Иако интензитетот не може да се спореди со гренслем-натпревар, Србинот остави впечаток дека е на добар пат кон врвната форма. Особено значајна вест за неговиот стручен штаб е фактот што мечот го одигра без никакви проблеми, само 24 часа откако ја вознемири јавноста со прекинат тренинг. Тогаш Ѓоковиќ почувствува силна болка во вратот и по само 12 минути ја напушти теренот, што отвори прашања околу неговата подготвеност за турнирот. Настапот против Тиафо, сепак, покажа дека ситуацијата е под контрола.
Егзибицијата донесе и интересен момент на трибините, кога еден навивач се обиде да го испровоцира Ѓоковиќ со повикот: „Ајде, Роџер!“. Наместо реакција, следеше смеа од публиката, а Новак со насмевка и гестикулации ја претвори ситуацијата во шега. Дополнителна симболика доби и фактот што во тие моменти во Австралија се наоѓаше и Швајцарецот, кој претходно во текот на денот имаше медиумска конференција, што му даде уште поинтересна позадина на целиот настан.