Натпреварот на ХСВ и Леверкузен одложен во последен момент поради - топење на снегот!

Натпреварот помеѓу ХСВ и Баер Левекузен вечерва во Бундеслигата е одлжен поради безбедносни причини и ризикот за навивачите од топењето на снегот околу и на стадионот, соопштија двата клуба.

Имено, Бундеслигата во последен момент одлучила дека е најдобро овој дуел да не се игра вечерва, а терминот дополнително ќе биде утврден.

Како што информирааше домаќинот, ситуацијата со снегот се променила попладнево кога на неколу места се насобрало големо количество вода од стопениот снег за која надлежните кои ја провериле ситуацијата процениле дека ризична.