Лудница во Нови Пазар: Масовна тепачка во рингот по боксерски меч (ВИДЕО)
Тоа предизвика бурна реакција кај домаќините, човек во бела маичка скокна и го удри победникот за веднаш потоа сите од првите редови да влетаат во рингот. Следеше масовна тепачка, а како што може да се види од снимките, сè се случи за само неколку секунди. Редарите и организаторите не можеле да ја смират ситуацијата, па програмата била прекината.
Нема официјални информации за повредени или укажана медицинска помош. Полицијата интервенирала за да спречи натамошни инциденти.