На 34 години, Ленард ја одигра партијата на кариерата (ВИДЕО)

Суперѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард постигна 55 поени во победата на неговиот тим со 112-99 над Детроит Пистонс.

Ова беше четврта победа по ред за Клиперс, нивна најдолга победничка серија оваа сезона во која имаат големи проблеми и се наоѓаат при дното на табелата во Западната конференција. Детроит, од друга страна, беше фаворит во овој натпревар со оглед на тоа што е лидер на Истокот, но нешто запна во неговите редови.

Од своите 55 поени, Ленард погоди пет тројки со 50 проценти успешност и погоди 16 од 17 слободни фрлања. Најдобар беше во третата четвртина, во која постигна 26 поени. Тој додаде и 11 скока и пет украдени топки, а му недостасуваше еден кош за да постави нов рекорд на сезоната во НБА имајќи предвид дека најдобриот ефект го има Никола Јокиќ од божиќниот меч против Минесота кога броеше до 56.

До вечерва, најефикасниот натпревар на Ленард беше оној од јануари 2019 година, кога во дресот на Торонто постигна 45 поени против Јута. Оттогаш, тој постигна 40 или повеќе поени уште шест пати, но никогаш не се приближил до 50. Ленард има 34 години, последните сезони повеќе беше надвор од терените, отколку на нив, но потсети на своите најдобри денови во кариерата и секако го одигра мечот на животот.

Најдобар играч на Детроит беше плејмејкерот Кејд Канингем со 27 поени. И покрај четирите победи по ред, Клиперс се само на 13. место во Западната конференција, која е предводена од актуелниот шампион Оклахома Сити.

РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс - Сакраменто 125-101
ЛА Клиперс - Детроит 112-99
Портланд - Бостон 114-108
Вашингтон - Мемфис 116-112
Оклахома - Филаделфија 129-104
Торонто - Голден Стејт 141-127