Перез жестоко удри по УЕФА, Ла Лига и Барса: Реал е единствен клуб кој може да се бори!

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез жестоко ја критикуваше УЕФА, Ла Лига и Барселона на редовната седница на клубот.

Имено, Перез во својот говор порача дека Реал чувствува обврска да реагира на праксата која ја смета за „ненормална“, па дури и илегална.

Првата критика беше насочена кон УЕФА поради како што наведе обидот за спречување на клубовите да организираат турнири кои ги „брана навивачите“. Исто така реагираше на притисокот натпревари да се играат во Азија, во близина на Кина бидејќи како што вели челниците на организациите го должат тоа на „нивните избирачи“.

„Не е нормално УЕФА да ја насочува нашата судбина, но имајте на ум дека го должат тоа на нивните избирачи. Затоа сме присилени да играме натпревари во близина на Кина“, истакна Перез.

Не пропушти Перез да го спомене и шпанското судење, нарекувајќи го „срамно“ тоа што ФИФА не избра ниту еден шпански судија да биде дел од Светското клупско првенство кое се одржуваше минатото лето.

Тема за Перез беше и случајот „Негреира“ потсетувајќи дека Барселона платила повеќе од осум милиони евра на потпретседателот на судискиот одбор во период кој се поклопува со најдобрите резултати на клубот.

За крај Перез додаде и дека Реал Мадрид е единствениот клуб во Европа која има сила да се соочи со проблемите кои ги наметнува УЕФА.