Европскиот шампион гостува во Битола, Пелистер ги пушти билетите во продажба!

Eкипата на Пелистер в среда ја очекува нов натпревар и тоа на домашен терен против европскиот шампион Магдебург.

Магдебург и сезонава игра во одлична форма, не знае за пораз во најелитното европско ракометно натпреварување, па јасно е дека пред избраниците на Рубен Гарабаја ќе биде тежок предизвик.

Пелистер во натпреварот влегува по дуелите со ПИК Сегед против кого победи во Битола, но минатата недела претрпе тежок пораз на гости во Сегедин.

Билетите можат да се купат онлајн на сајтот на Пелистер (ТУКА), но и физички на стандардните продажни места. Цените се по 450 и 550 денари.