Исак во Ливерпул израмни негативен рекорд стар 119 години
Швеѓанецот заедно со Вирц и Хуго Екитике пристигна како големо засилување, по долги преговори со Њукасл и за него Ливерпул плати 145 милиони евра.
Сепак, неговиот старт е очаен, доказ за тоа се и бројките. Имено, Исак стана првиот фудбалер на Ливерпул уште од 1906 година и Перси Саул кој како првотимец ги загубил своите први четири натпревари.
Во следното коло Ливерпул го очекува гостување во Лондон против Вест хем.