Кошмарот за Мекларен се потврди: Пјастри и Норис дисквалификувани!

Изгледаше Ландо Норис како голем победник по денешната трка во Лас Вегас, иако заврши како второпласиран, сепак, двата болиди на Мекларен се дисквалификувани, потврдија од ФИА.

Имено, болидите на Пјастри и Норис како и што беше објавено претходно не биле во склад со техничките правила. Имено, даската на подот на болидите била под минималната дебелина од 9 милиметри.

Ќе потсетиме, второто место за Пјастри ќе значеше и дека во Катар следниот викенд може да ја обезбеди титулата, но ситуацијата сега се менува.

Претходно во текот на сезоната иста казна заработија и возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. 

По оваа казна, Верстапен сега има ист број на бодови со Пјастри на втората позиција, двајцата со по 366, додека Норис и понатаму е на врвот со предност од 24 бода повеќе.

До крајот на сезоната има само уште две трки и тоа во Катар наредниот викенд и последната во Абу Даби која на програмата е 7 декември.