Шкендија сака да ја заврши домашната задача во Чегране, Тиквеш домаќин на Башкими
Вардар вчера си ја заврши својата работа и славеше победа над Брера, па така Шкендија ако не сака да заостанува шест бода по 14 натпревари мора денеска да слави кај незгодниот Арсими. Арсими сезонава игра променливо, покажа и дека знае да изненади против фаворитите, меѓутоа Шкендија верува дека нема да си дозволи кикс.
Но, во тетовскиот клуб мораат да мислат и на дуелот во Конференциската лига на гости против Дрита в четврток кој може да донесе важни бодови во битката за европска пролет.
Во вториот натпревар Тиквеш ќе го пречека Башкими кој минатото коло излезе од мини-кризта со триумф над Работнички, додека Тиквеш влегува во дуелот по поразот од Вардар
Двата натпревари се играат во стандардниот термин од 13:00 часот.