Хаос по УФЦ спектаклот во Катар: Ирски борец ќе се степаше со Чимаев (ВИДЕО)

Ирскиот борец Мачадо Гери имаше голема ноќ во Катар каде што по едногласна одлука на судиите го победи Белал Мухамад, а тој момент го искористи и да испрати порака до Ислам Махачев.

Но, набрзо потоа следуваше турканица и жестока расправија со шампионот во средна категорија, Хамзат Чимаев. Гери по мечот тргна да му честита на Арман Чарукању на импресивната победа над Дин Хукер, токму тука се сретна „лице в лице“ со Чимаев.

По кратката размена на зборови брзо дојде до ескалација, Чимаев силно го турна Гери, а обезбедувањето мораше да реагира да спречи поголем инцидент.

Подоцна на прес-конференцијата ирскиот борец зборуваше и дека Чимаев се однесува како дете, испраќајќи му порака дека еден сигурно ќе го победи, инаку за Гери вчерашниот триумф беше 17-ти во кариеерата и сега е на скор 17-1, па побара борба за титулата во велтер категорија со Ислам Махачев.

Чимаев со кого имаше судир го има појасот во средна категорија и перфектен скор од 15-0.