На Лејкерс не им треба Леброн кога ги има Дончиќ и Ривс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележа шестата победа во последните седум натпревари, совладувајќи го како гостин ослабениот Шарлот Хорнетс со 121-111.

Лука Дончиќ повторно имаше вечер за паметење, водејќи ги Лејкерси со 38 поени, пет тројки и низа атрактивни потези. Словенечкиот ас ја воодушеви публиката со моќно забивање со две раце, а предизвика и овации кога, по тајмаут во последната четвртина, погоди шут од три четвртини од теренот за забава. Се истакна и Остин Ривс кој му обезбеди одлична поддршка на Дончиќ, постигнувајќи 24 поени.

Свои моменти, особено во третата четвртина имаше и јапонскиот репрезентативец Руи Хачимура, кој 13 поени во тој период кој Лејкерс го добија со 31-15 и практично ја заверија својата победа. Додека одбраната на Хорнетс се фокусираше на удвојување на Дончиќ, Хачимура го искористи тоа и со три важни тројки го доведе својот тим до недостижна предност.

Хорнетс, кои играа без Ламело Бол и Брендон Милер, пружија жесток отпор. Ги предводеше Мајлс Бриџис со 34 поени и седум тројки, од кои 16 поени во првата четвртина. Дебитантот Кон Кнупел исто така одигра одличен натпревар, а со 19 поени, 10 скока и девет асистенции беше на чекор од својот прв трипл-дабл во кариерата.

Дончиќ има просек од 37,0 поени, 10,0 скока и 9,5 асистенции по натпревар оваа сезона. Од друга страна, Ривс на сите шест натпревари на кои настапи, постигна над 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - ЛА Лејкерс 111-121
Детроит - Вашингтон 137-135
Орландо - Портланд 115-112
Мајами - Кливленд 140-138
Чикаго - Сан Антонио 117-121
Далас - Милвоки 114-116
Феникс - Њу Орлеанс 121-98
Јута - Минесота 113-120
ЛА Клиперс - Атланта 102-105