Албанска химна ечи на официјален меч во македонска лига! (ВИДЕО)

Голем скандал се случи викендов во тетовско Желино каде што на натпревар од македонската четврта лига во тетовскиот регион се интонираше албанската химна.

Станува збор за натпревар помеѓу екипите на Палатица и Влазрими од Слатино кога од некоја причини домаќините ја интонираа химната на Албанија (види ТУКА).

Ваквиот потег е кршење на сите правила на Фудбалската федерација на Македонија од каде што би требало да има реакција и санкција за организаторите на натпреварот.

„Пред почетокот на натпреварот сите фудбалери се здружија и со гордост ја испеаја албанската химна, посебен момент кој  покажа дека фудбалот не само спорт“, стои во дел од објавата на социјалните мрежи на екипата на Влазрими.