
Спектакл на УФЦ 319 – нов шампион и два нокаута со „вртечки лакт“ во 10 минути (ВИДЕО)
Во првата од тие борби, Бразилецот Карлос Пратес во последната секунда од првата рунда на спектакуларен начин го нокаутираше Џеф Нил. Само десетина минути подоцна, Британецот Лирон Марфи со идентичен потег – вртечки лакт – го совлада Арон Пико. Со тоа, за една вечер беа забележани два нокаута кои досега во целата историја на УФЦ се случиле само десет пати.
Иако во главната борба на вечерта Хамзат Чимаев со едногласна судиска одлука го симна од тронот досегашниот шампион Дрикус Ду Плесис и ја освои титулата во средна категорија, со 15-тата победа во исто толку мечеви во октагонот.
ФОТО И ВИДЕО: X.COM