Се очекува спектакл: Алкараз ќе го предизвика Синер во финалето во Синсинати!

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас, ќе го предизвика Јаник Синер во финалето на мастерс тенискиот турнир во Синсинати, откако ноќеска оствари убедлива полуфинална победа во пресметката со Александер Зверев (6-4, 6-3).

Германецот во првиот сет го загуби сервисот во седмиот гем, што му овозможи предност на Алкарас. Вториот сет започна израмнето со размена на брејкови, но во продолжението шпанскиот тенисер ја презеде контролата и со нови два брејка во седмиот и деветтиот гем го осигура местото во финалето.

Сега се очекува спектакл меѓу двајцата најдобри тенисери во светот во моментов, што ќе биде нивна четврта меѓусебна пресметка оваа сезона.

ФОТО: X / @carlosalcaraz