
Раул: Уживав во Македонија, престојот таму ќе ми помогне да се адаптирам во Србија
За телевизијата Арена спорт, Раул го даде првото интервју откако е назначен на новата функција, а интересно е тоа што постојано зборуваше на македонски јазик и покрај инсистирањето на водителот да разговараат на англиски. Меѓу другото, Раул го истакна престојот во Македонија како исклучително убав и значаен за развојот на неговата кариера.
„Навистина уживав додека работев во Македонија, а од исклучително значење е на човек да му е убаво тоа што го прави. Тогаш имав време да се запознаам со менталитетот на луѓето и поради тоа мислам дека нема да ми треба многу време да се адаптирам во Србија, да видам каков темперамент имате и од тој аспект, искуството во Македонија е од големо значење за мене“, рече Раул.
Тој беше тренер на Вардар од 2014 до 2018 година, а македонската репрезентација ја водеше од 2017 до 2019 година. На Европското првенство во 2026 година, Србија ќе биде дел од групата А, заедно со Германија, Шпанија и Австрија.