
Револт во Вардар Неготино: Фудбалерите преку Фејсбук си ги бараат платите!
Фудбалерите побараа средба со градоначалникот на Неготино, a во објавата не открија за колку заостанати плати станува збор.
„Ние играчите на ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО изразуваме револт поради неисплатени плати и го замолуваме јавно градоначалникот на Општина Неготино Д-р Горан Стојанов на прием во понеделник за дискусија.
Со овој повик сакаме да биде запозната јавноста во Неготино околу ситуација во клубот.
Ние како група која е секогаш тука за клубот и градот ги подржува фудбалерите и бара одговорност“, стои во реакцијата.
Инаку, екипата на Вардар Неготино во овој момент се наоѓа на 14-тата позиција во ВМФЛ и е на добар пат да избори опстанок бидејќи има осум бода повеќе од Осогово во опасната зона.