Одбојкарките на Јанта волеј по четврти пат се шампионки на Македонија!

Одбојкарките на Јанта волеј по четврти пат се шампиони на Македонија откако во финалето го совладаа Работнички со 3-1 и со 3-1 успеаа да ја добијат сеирјата.

Во првиот сет видовме повеќе грешки на домашните одбојкарки, но во продолжение домашните одбојкарки заиграа многу подобр и успеаа да направа пресврт.

Првиот сет донесе изедначена борба и Јанта волеј успеа да го освои со 25-23, додека во третиот резултатот беше 25-19.

Најнеизвесно беше во четвртиот сет каде што по голема борба Јанта волеј успеа да го добие сетот со 25-22, а така и да ја освои титулата.

Мери Бошковска најмногу се истакна во победничкиот состав со 19 поени, Ива Стојковска имаше 12, додека на спротивната страна Стакхаус ја заврши средбата со 13.