Синер предизвика параноја кај другите тенисери

Пред почетокот на Мастерсот во Мадрид, рускиот тенисер Андреј Рубљев отворено зборуваше за стравот од допинг и повторување на случајот со Јаник Синер.

Тој откри дека допингот станува опсесија, односно параноја меѓу тенисерите, а тој дополнително призна дека се плаши да земе средство за смирување дури и кога не се чувствува добро.

„Мораме секој ден да пријавиме каде се наоѓаме. Ако заборавиме, а лицата кои врашат тестови дојдат, тоа е прекршок. Три прекршоци носат суспензија на две години. Јас не земам ништо дури ни кога се чувствувам лошо бидејќи се плашам да не добијам позитивен резултат“, рече Рубљов.

Тој е бранител на титулата во Мадрид откако лани триумфираше во финалето против Феликс Оже-Алијасим со 2-1.