
Јунајтед до крајот на сезоната без еден од малкумината што играа добро!
Тој се повреди пред три дена на натпреварот од 32. коло на Премиер лигата против Њукасл (1-4).
„Зиркзе нема да игра до крајот на сезоната, а работиме на тоа да биде подготвен за почетокот на следната. Не му е лесно“, изјави Аморим на прес-конференцијата пред реванш натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа против Олимпик Лион.
Дваесет и тригодишниот напаѓач сезонава одигра 48 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна седум голови. Јунајтед утре ќе го пречека Лион на „Олд Трафорд“ во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар, одигран минатата недела во Лион, заврши нерешено 2-2.