
Борусија немоќна во Шпанија, Барселона е веќе полуфиналист! (ВИДЕО)
Борусија вечерва не беше на нивото на Барселона која доминираше од почетокот до крајот и создаде голем број шанси. Резултатот го отвори Рафиња во 25. минута и тоа беше единствениот гол во првот дел.
Во второто полувреме на сцена стапи Роберт Левандовски кој постигна два гола во 48. и 66. минута. За конечните 4-0 се погрижи Ламин Јамал на 15-тина минути пред крајот.
Фото: EPA PHOTO