Не можеше да пропушти: Мартинез среде Париз ги провоцира Французите! (ФОТО)

Фудбалерите на Астон Вила вечерва играат натпревар против ПСЖ во Париз, а посебен имиџ за овој дуел подготви голманот на премиерлигашот, Емилијано Мартинез.

Мартинез е добро познат во јавноста како некој кој знае и сака да ги провоцира противниците, па тоа го направи и вечерва во Париз. Имено, чуварот на мрежата на теренот истрча со боите на знамето на Аргентина на својата коса, а со тоа алудираше на освоеното Светско првенство во Катар.

Во тоа финале Аргентинците славеа токму против Франција и Мартинез беше еден од оние кои најбурно славеа и испраќаа провокации.