Медведев го „преживеа“ Муле, сега го чека Де Минор

Данил Медведев упеа да се извлече и на „мускули“ го совлада францускиот тенисер Александар Муле со резултат 2-1 (7-6,5-7,6-2).

Повторно Медведев одигра долг и исцрпувачки меч, баш како и против Карен Хачанов во првото коло. Сега борбата на теренот траеше два часа и 50 минути.

На стартот Французинот направи брејк и водеше се до 3-2, но Медведев веднаш возврати, па го изгуби сервисот, за одово да врати со брејк.

Имаше Медведев и сет топка на 6-5, но сепак тај-брејкот го одлучи победникот во првиот сет. Дојде 11-тиот играч во светот и до минибрејк предност, но Муле се врати, но сепак го доби првиот сет со 8-6 во тај-брејкот.

Во вториот сет Медведев можеше и да го заврши мечот бидејќи направи брејк при 4-4, но птооа изгуби три гема во низа и му дозволи на Французинот да израмни.

Третиот сет донесе сигурна игра на рускиот тенисер кој сега во третото коло го чека Алекс Де Минор.