Вардар ја совлада Брера и со една нога е во финале на Купот (ФОТО)
„Црвено-црните“ го отворија резултатот со погодокот на Сењор во 26. минута од средбата, додека во финишот на првото полувреме стрелаше и Матиќ за предност од 2-0 на домаќините.
Гостите од Струмица лошо го почнаа и второто полувреме, па казната стигна преку Закариќ кој со глава во 56. минута го матира голманот на Брера за конечни 3-0.
Шкендија прва постигна гол во дербито против Струга преку Рамадани директно од корнер, по што тетовци заминаа на паузата со предност од еден гол (1-0).
Струга се разбуди во вториот дел, па Нигриецот Укпа стрелаше за 1-1 во 53. минута додека Радески во 82. минута погоди за целосен пресврт (2-1).
Реваншот во полуфиналето на Купот на Македонија се игра на 23 април.