Рамадани ѝ даде гол на Струга директно од корнер (ВИДЕО)

Шкендија води по првото полувреме против Струга Трим Лум со 1-0, откако Флорент Рамадани постигна прекрасен гол од корнер.

Рамадани во 36. минута од натпреварот испрати центар-шут кон казнениот простор на Струга, меѓутоа топката го промени правецот и заврши во мрежата на гостите.