Проблеми за Милан: Вокер се оперира и го чека долга пауза!

Поранешниот италијански шампион Милан се соочува со нови проблеми затоа што тренерот Сержо Консеисао не може да смета на Кајл Вокер во следните натпревари.

Вокер беше на операција на десниот лакт, откако се здоби со скршеница во вторникот, поради што ќе мора да паузира неколку недели.

„Операцијата помина во најдобар ред, Кајл веднаш ќе почне со рехабилитација“, соопшти италијанската екипа.

Англискиот фудбалер пристигна во Милано на позајмица од Манчестер сити, но засега не е познато дали ќе остане кај „росонерите“ по крајот на сезоната.