Борусија ѝ гостува на Барселона, а Астон Вила ја чека пекол во Париз

Вечерва се играат останатите два натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), односно Барселона ќе ја пречека Борусија Дортмунд, додека ПСЖ игра на домашен терен против Астон вила.

Барселона ќе биде фаворит во првиот меч против Борусија поради тоа што се наоѓаа во одлична форма, иако за оваа средба на располагање нема да ги имаат Дани Олмо и Марк-Андре Тер Штеген.

Каталонскиот гигант под водство на Ханси Флик гази со сигурни чекори оваа сезона, односно е прв во Ла Лига и непоразен на домашен терен. Главен играч им е Рафиња кој се наоѓа во врвна форма, па поради тоа Барселона е сериозен фаворит за пласман во полуфиналето на ЛШ.

Дортмунд, од друга страна, доаѓа без притисок во Каталонија, па ќе се обиде да понуди уште една магична ноќ во елитата, а останува да видиме каква стратегија смислил Нико Ковач за вечерашната средба.

ПСЖ веќе ја обезбеди шампионската титула во Франција, па фокусот ќе го насочи кон елитното натпреварување, а денеска го пречекува поранешниот европски шампион Астон вила.

Парижаните одиграа дури 28 меча во домашниот шампионат, при што запишаа 23 победи и пет ремија, односно не знаат за пораз. Сепак, вистински тестови беа во Европа каде што не се прославија премногу и го освоија 15. место во лигашкиот дел, но затоа во нокаут-фазата ги елиминираа Брест и Ливерпул. За разлика од нив Борусија Дортмунд беше подобар од Спортинг Лисабон и Лил во плејофот.

Натпреварите се играат вечерва од 21 часот, додека реваншите се закажани за 15 април.

Арсенал вчера славеше против Реал Мадрид со 3-0, додека Интер го совлада Баерн Минхен со 2-1.