
Волкановски на УФЦ 314 ќе настапи со македонско знаме на шорцот (ВИДЕО)
Австралискиот борец со македонски корени, долго време беше доминантен во својата категорија, но претрпе три порази во последните четири меча, од кои два беа тешки нокаути од Ислам Махачев и Илија Топурија. Интересен момент за претстојната борба е специјалниот шорц кој ќе го носи Волкановски, на кое во позадина го има македонското знаме во чест на неговиот татко, кој е од селото Беранци.
Комплетна листа на борби за УФЦ 314:
Александар Волкановски – Дијего Лопес (66 кг)
Мајкл Чендлер – Педи Пимблет (70 кг)
Брајс Мичел – Жан Силва (66 кг)
Џаир Родригез – Патрисио Питбул (66 кг)
Никита Крилов – Доминик Рејес (93 кг)