
Циркус во Еврокупот: Грчки тренер пцуеше изралски кошаркар на – српски јазик (ВИДЕО)
Моментот кој го привлече најмногу внимание се случи за време на тајм-аут кон крајот на натпреварот, кога тренерот на домашниот тим, Димитрис Итудисм жестоко реагираше кон плејмејкерот Јам Мадар. Причината за реакцијата беше слабо организиран напад, по што грчкиот стратег му се обрати на Мадар со викање и пцовки на - српски јазик.
Мадар, кој натпреварот го заврши со 10 поени, два скока и пет асистенции, реагираше со насмевка, додека неговите соиграчи со збунетост ја следеа ситуацијата. Видеото од тој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, особено поради тоа што навредите беа разбирливи за гледачите од Балканот.