Белингам дури е задоволен од поразот: Можеше да биде и полошо

Џуд Белингам оваа сезона е далеку од формата од лани и е една од причините за лошите резултати на Реал Мадрид.

Синоќа се вклопи во сивилото на тимот и не успеа да се наметне како лидер во средниот ред. Реал заслужено загуби, а англискиот репрезентативец тврди дека конечниот резултат дури е и добар во споредба со она што се случуваше на теренот.

„Не бевме ни блиску до победата, тоа е факт. Арсенал беше многу добар, знам дека два од трите гола беа од слободен удар, но сепак покажаа многу повеќе од нас. Среќа е што примивме само три гола бидејќи Арсенал секако имаше шанси за повеќе од тоа. Мислам дека сме живи и дека можеме да направиме пресврт. Ако некој може, тоа сме ние“, рече Белингам.