Нејмар го избра својот фаворит за пехарот во Лигата на шампиони

Вечерва се играат уште два натпревари во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), односно ќе се соочат ПСЖ и Астон вила, односно Барселона и Борусија Дортмунд, а бразилскиот репрезентативец Нејмар го избра својот фаворит во борбата за престижниот трофеј.

Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ самоуверено кажа дека каталонскиот гигант се наоѓа во одлична форма и ќе го освои европскиот пехар.

„Кој ќе ја освои Лигата на шампиони? Барселона“, кажа Бразилецот.