Анчелоти по фијаското на „Емирати“ ќе договара нов ангажман!?

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти доживеа еден од најтешките порази во кариерата со Реал Мадрид на гостувањето кај Арсенал (0-3) во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ).

Бразилскиот медиум „О’Глобо“ објави дека Фудбалскиот сојуз на Бразил реагирал по фијаското на „кралевите“ во Лондон, затоа што смета дека може полесно да го добие потписот на Анчелоти.

Анчелоти заедно со неговите избраници влезе во резултатска криза, односно го губат чекорот и со Барселона во трката за титулата во Ла Лига.

„Ова беше тежок пораз, не очекувавме ваков натпревар. Бевме организирани во првото полувреме, но по двата гола од слободни удари тимот се распадна. Тешко беше поради тоа што не реагиравме. Моравме да постигнеме гол“, кажа Анчелоти.