Новицки: Трејдот на Дончиќ во Лејкерс многу ме повреди

Легендарниот кошаркар на Далас маверикс, Дирк Новицки повторно зборуваше за потегот на тимот од Тексас да го трејдува Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.

Новицки е разочаран од одлуката на раководството на неговиот поранешен клуб и посочи дека овој трејд многу го повредил.

„Секогаш ќе бидам дел од Далас, но овој трејд многу ме повреди. Ќе ми биде потребно време да го прифатам и да продолжам понатаму. Сè уште сум во шок“, кажа Новицки.

Дончиќ го носеше дресот на Далас од 2018 година, па сè до почетокот на 2025 година кога се пресели во Лос Анџелес.