Проблеми за Хрватска: Мундијалот заврши и за екс-вардарецот Циндриќ!

Хрватската ракометна репрезентација најпрво остана без услугите на Домагој Дувњак, а сега доби уште полоши вести затоа што Мундијалот заврши и за екс-вардарецот Лука Циндриќ.

Селекторот Дагур Сигурдсон го пријавил Игор Карачиќ како замена за Циндриќ, а не за Дувњак, пишуваат хрватските медиуми. Тоа секако не значи дека Дувњак ќе игра за репрезентацијата до крајот на Светското првенство, но ќе остане со своите сонародници до крајот.

Циндриќ ѝ се приклучи на Хрватска додека беше повреден, иако тврдеше дека е подготвен за настап, но најновите прегледи покажале дека искусниот ракометар не може да настапува за селекцијата.

Хрватска досега славеше против Аргентина и Бахреин, а третиот меч на Мундијалот го игра против Египет.