Уште еден отказ во Премиер лигата: Евертон остана без тренер
Евертон во кратко соопштение на своите официјални канали потврди дека се разделува со Дајч и најави дека во наредниот период ќе биде именуван неговиот наследник.
„Процесот на именување нов тренер е во тек и нови информации ќе бидат објавени наскоро“, стои во соопштението.
Евертон во овој момент се наоѓа на 16. место на табелата во англиското првенство со 17 бодови, додека првиот тим над опасната зона е Ипсвич со само бод помалку.
Дајч на кормилото на „карамелите“ седна во 2023 година и го предводеше тимот на 83 натпревари во кои имаше учинок од 26 победи, 24 реми и 33 порази.
Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден Вест Хем го отпушти Лопетеги, а на негово место го доведе Грем Потер.