Ремонт во скопскиот тим: Девет фудбалери си заминуваат од Вардар
На официјалниот профил на „црвено-црните“ на „Фејсбук“ беше соопштено дека е прекинат договорот со Блажевски и Велковски, но потоа беше дополнета листата со уште неколку имиња.
Скопскиот тим им се заблагодари и на други седум фудбалери преку веб-сајтот, а тоа се Ким Сеукјун, Огнен Здравковски, Симеон Здраковски, Јонус Рушту, Ѓорѓе Чосиќ, Дејан Ѓуриќ и Марио Костов.
Вардар го заврши првиот дел од сезоната на претпоследната позиција со 13 бодови, па го очекува тешка борба за опстанок во елитата.