Гвардиола го брани Халанд: Кога победувавме, тој беше голгетер!

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола денеска се појави на прес-конференцијата пред натпреварот против Евертон кој „граѓаните“ го играат во четврток.

Како што е добро познато, Манчестер сити поминува низ најголемата клупска криза откако Гвардиола е во клубот и тимот претрпе девет порази на последните 12 натпревари во сите натпреварувања.

Додека Манчестер јунајтед реди лоши резултати критики добива и Норвежанецот Ерлинг Халанд, меѓутоа Гвардиола не го обвинува само него.

Проблемот доаѓа од сите нас, а не од еден фудбалеер. Кога постигнувавме голови, Ерлинг беше голгетер, но тоа го правеше благодарение на тимот. Кога имате проблеми во средината, тогаш проблеми имате во целата екипа, не може да обвините само еден фудбалер. За нас Ерлинг е важен играч и така ќе остане“, потенцираше Пеп.

Манчестер сити својот натпревар на „Боксинг деј“ го игра од 13:30 часот против Евертон во рамките од 18. коло.