Скандалозно однесување на ѕвездата на Сиксерс: Ембид тотално полуде и нападна жена-судија (ВИДЕО)

Американскиот репрезентативец Жоел Ембид не го дочека крајот од синоќешниот меч против Сан Антонио затоа што беше исклучен на околу две минути пред крајот на првото полувреме.

Незадоволен од една одлука, тој ја нападна судијката Џенифер Шредер, прво вербално, а потоа сакаше и физички да се пресмета иако е „двојно“ поголем од неа. Откако ѝ се внесе в лице, Камерунецот со американски пасош доби техничка грешка што дополнително го изнервира и тргна кон неа, па мораа да се вмешаат соиграчите и членовите на стручниот штаб за да не направи поголема глупост.

По сето тоа, Ембид доби и втора техничка грешка и мораше да замине во соблекувална. И без него, Филаделфија дојде до победа од 111-106.