Работнички се распадна против Војводина за втор пораз во АБА2-лигата
Работнички некомплетен не можеше да ѝ парира на Војводина, па во текот на целиот натпревар имаше негатива која постојано растеше сè до конечни 62-93.
Најдобар стрелец кај Војводина беше Дингл со 15 поени, додека Ефремовски постигна 17 поени за Работнички.
Македонскиот претставник во првото коло од АБА2-лигата загуби од Сутјеска со 58-71.