Комити скандираа против Гачевски, голманот ја спука со навивачите на Вардар!

Вардар денеска ја пречека Струга во деветтото коло од македонската Прва Лига, а на почетокот на второто полувреме навивачката група „Комити“ почна да скандира против голманот Филип Гачевски.

Во еден момент во вториот дел од мечот, при водство од 2-1 за Струга, најверните навивачи на скопскиот гигант почнаа со погрдни скандирања кон голманот на Вардар.

По реакцијата на чуварот на мрежата навивачите не запреа туку продолжија и во следните минути.

Голманот на црвено-црните во последните неколку кола имаше неколку кикса, а незадоволството на навивачите зовре по денешната негова грешка за првиот гол на стружани.