Почина легендарниот кошаркар - Дикембе Мутомбо (ФОТО)

Поранешниот кошаркар во НБА-лигата, Дикембе Мутомбо по тешка борба со тумор на мозокот ја загуби битката за својот живот на 58-годишна возраст.

Мутомбо во кариерата играше за Денвер нагетс, Атланта хокс, Филаделфија, Њу Џерси нетс, Њујорк никс и Хјустон рокетс.

Во текот на кариерата беше избран дури четири пати за дефанзивец на годината во НБА-лигата, и тоа во 1995, 1997, 1998 и 2001 година.