Драма за ракометните анали: Германија на чудесен начин дојде до продолженија со Франција (ВИДЕО)

Драма каква што ретко се гледа на ракометните терени се случуваше на натпреварот помеѓу Германија и Франција во четвртфиналето на Олимписките игри.

Домашната репрезентација беше пред пласман во полуфиналето каде што ги чека Шпанија, имаа гол предност и напад на шест секунди пред крајот. Но, тогаш Германците го покажаа својот силен менталитет, успеаа да ја „украдат“ топката по грешката на Дика Мем, па дојдоа до гол за изедначување на 29:29.

Tреба да се каже и дека на помалку од минута до крајот Франција имаше два гола предност.